Здружение за заштита на животна средина и просторно планирање "ПЛАНКТОНИУМ" - Скопје

Основни цели и задачи на Здружението се: помагање во борбата против загадувачите и загадувањето на животната средина, како еден голем предизвик поставен пред нас, современиците на развојот на државата и сведоци на континуитетот на секојдневните промени во начинот на живеење и делување кај нас.

Во оваа смисла, примарна цел на Здружението е проблемот на животната средина да се третира во најширок можен контекст: едукација на населението за овладување на начинот на однесување кон животната средина во целост и развивање на еколошката свест од најмала возраст, помагање во имплементирањето на националните закони, енергетска ефикасност и свеста за климатските промени, пошумување на голи површини, сеопфатна грижа за водените еко-системи т.е. се што значи поддршка на заштитата на животната средина.

Здружението при своето работење се придржува кон основните начела на независност, јавност и транспарентност, непрофитност и непартиско дејствување, како и кон принципите на демократичност, правичност, рационалност и доследна примена на законите и другите прописи, еднаквост на сите членови и почитување на правилата на конкуренција.

Членовите на здружението се високо истакнати професионалци во свите области и меѓу нив има лекари, нутриционисти, ликовни уметници, ИТ инжињери, технолози и др. Работењето е волонтерско и е предизвик за сите кои се општествено одговорни личности.

Ве поздравуваме со нашето мото “УБАВОТО ВО ЕКОЛКОГИЈАТА”!

Планктониум е основач на - Македонска Асоцијација за Цврст Отпад